БИБИСИ РЕПОРТАЖА ЗА ОХРИД: Античката историја скриена во најстарото езеро во Европа
Би-Би-Си со видео репортажа за охридското езеро ги прикажува убавините на истото и античката историја на најстарото езеро во Европа.
Под наслов „Античката историја скриена во најстарото езеро во Европа“ авторката на репортажата нагласува дека токму историјата е мамка за туристите кои доаѓаат да го постат ова езеро.
Возејќи се со кајчето на туристичкиот водич репортерката е воодушевена од она што го гледа но и од она што ќе о сретне токму на дното на езерото.
Репортажата ја прикажува можноста да се нурка и да се видат подводните историски остатоци, а завршува со посетата на праисториската наколна населба, уште наречена Музеј на вода или Заливот на коските.
Не мора да одиме далеку за да најдеме остатоци од античката историја на Охрид, напоменува авторката, која, како што додава, воодушевена од бистрата вода не успеала веднаш да ги забележи првите артефакти на кои наишла при нуркањето.
Шармот на Охридското Езеро лежи во примамливиот пејсаж над водата, но неговата вистинска убавина лежи под површината, е заклучокот кој го пренесува новинарката во репортажата.
Видеото може да го видите тука.