Економија, финансии, бизнис

Контакт

Би било срам и предавство доколку Македонија се откаже од своите сонародници во Бугарија, велат од ОМО Илинден Пирин

Би било срам и предавство доколку Македонија се откаже од своите сонародници во Бугарија, велат од ОМО Илинден Пирин

Македонското малцинство во Бугарија реагира за односот на бугарските, но и македонските власти кон нив. 

„Би било голем срам и предавство доколку Македонија се откаже од своите сонародници во Бугарија“, велат од ОМО Илинден Пирин за Сител. 

Оттаму укажуваат дека е парадоксално тоа што и новата влада на бугарскиот премиер Кирил Петков инсистира на  почитување на  правата на Бугарите во Македонија, а од друга страна Македонците во Бугарија на секој чекор се дискриминирани и негирани. Дилемата дали има место во бугарскиот Устав за малцинствата е лажна, вели Стојко  Стојков. Инаку, Петков кажа дека во Бугарија немало Македонци. 

Од ОМО Илиден Пирин долги години укажуваат во каква положба се во Бугарија. 

Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското, вели актуелниот германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот. 

Слично

Поврзани вести