БГНЕС потсетува дека уставните измени се најлесната задача, има и други обврски за нашата земја
Бугарски медиум анализира дека промената на Уставот е најлесната обврска на Македонија. „Тешката“ промена на Уставот е најлесниот од условите што треба да ги исполни Македонија, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС.
Според оценката на БГНЕС, во составот на работната група за уставните измени која ќе решава како да бидат вклучени Бугарите во Уставот, ќе има „истакнати претставници на југословенската и српската правна школа, но не и претставници на македонските Бугари“, иако основа за учество во телото не е етничка пруипадност туку политичка и институционална.
Според БГНЕС вистински успех за Бугарија бил исклучокот што го направила ЕУ со „внесување на билатералните прашања во самата преговарачка рамка и со претворање на Европската комисија во гарант за исполнување на условите поставени за Северна
Македонија“. Според медиумот, притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ однадвор е таков што тешко дека ќе има „долг и патетичен отпор“ за исполнувањето на клучниот услов за преговорите, вклучувањето на Бугарите во преамбулата, туку поверојатно партијата ќе бара начини, трикови и формулации за да може „шизофрената партија“ што се повикува на историското бугарско ВМРО да си го „спаси образот“ и истовремено да обезбеди неколкуте гласови што недостасуваат за усвојување на уставните измени. БГНЕС пишува дека има и други обврски кои Македонија не ги исполнила.
ВМРО-ДПМНЕ даде предлог, Македонија да направи уставни измени по хрватски модел.
Министерството за правда денеска ги објави имињата на учесниците во работната група за
уставни измени предложени од парламентарните политички партии и од институциите.
Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партија на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партија за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократска партија на Турците, се предлозите од парламентарните политички партии за членови во работната група.
фото БГНЕС
