БГНЕС: ПЕТКОВ ПРИЗНА - лично ја водел својата надворешна политика за да го укине ветото за РСМ
По повеќемесечни ветувања, затајувања, манипулации, меѓусебни обвинувања меѓу коалициските партнери и обиди за заплашување на неистомислениците, Кирил Петков конечно призна дека навистина се подготвува да го укине бугарското вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Македонија, пишува „БГНЕС“.
„Според тој медиум, вчера во интервју за „бТВ“, во свој типичен нејасен и не баш артикулиран стил, призна дека долго време ја оставил министерката за надворешни работи Генчовска и нејзиниот тим „сами да ги поместуваат работите со Северна Македонија“. Во исто време, тој со ентузијазам го изрази својот оптимизам за резултатите што ги постигнаа Генчовска и нејзиниот тим минатата недела, опишувајќи ги како „голем напредок“. Во исто време, на прашањето која е неговата цел пред еден месец да побара од претседателот да свика Консултативниот совет за национална безбедност, тој се откажа и рече дека сака да ги информира другите партии за новите предлози, кои се идентични со она што тимот на Генчовска досега го има постигнато. Сето ова сугерира дека предлозите што ги подготвил Кирил Петков и неговиот тим биле „сугерирани“, веројатно од заинтересирани надворешни фактори, на преговарачкиот тим на МНР.
Во оваа смисла, „повлекувањето“ на Петков од темата е само привидно и манипулативно, со јасна цел да се остави впечаток дека компромисот дошол од самите дипломати. Кирил Петков навести и дека компромисот што се подготвува ќе биде „невиден успех“ за Бугарија, бидејќи вклучувањето на Бугарите во уставот на РСМ ќе се случи пред првата меѓувладина конференција на ЕУ за Македонија (што е вистински почеток на преговорите) и дека тоа би го гарантирала Европа. Ова е всушност потврда на веќе напишаното од „БГНЕС“ во минатата недела дека подготвениот договор пред бугарското општество ќе биде претставен како огромна победа и целосно преклопување на условите за симнување на ветото од претходната позиција. Ова, се разбира, не е точно.
Експлицитно споменатите предуслови се активирање на процесот на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунистички режим, репресирани поради нивната бугарска самосвест; започнување процес за расветлување на безбедносните сили на поранешната југословенска Република Македонија; преземање систематски мерки за отстранување од плочите и натписите на спомениците, плочите и текстови по објектите кои отворено поттикнуваат омраза кон Бугарија – на пример, оние кои содржат квалификации како „бугарски фашистички окупатор“.
Во поопшт аспект, јасно спомнат услов за одобрување на Преговарачката рамка од страна на Бугарија е добрососедството да се појави како хоризонтален критериум во целиот процес на пристапување кон ЕУ на РСМ“, пишпува БГНЕС.
