Економија, финансии, бизнис

Контакт

БГНЕС: Пендиков бил натепан од професионален натпеварувач по источни боречки вештини

БГНЕС: Пендиков бил натепан од професионален натпеварувач по источни боречки вештини

Македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, кој беше претепан вечерта на 19 јануари, бил нападнат од професионален натпреварувач во источни боречки вештини, јави репортерот на БГНЕС.

И.С., кој му зададе низа брутални удари во грбот на Пендиков, е професионален натпреварувач во џиу џицу. Член е на карате клубот „Кун-су-то“ од Охрид.

Спасески учествуваше на професионални натпревари и од нив освои бројни награди.

Од ударите Пендиков се здобил со повреди на пршлените, ребрата и вилицата. Тој има и тешки повреди на главата. Пендиков од синоќа е на лекување на Медицинската академија каде треба да му бидат извршени хируршки интервенции. /БГНЕС

Слично

Поврзани вести