Економија, финансии, бизнис

Контакт

БГНЕС контра Груби, тврди дека нема француски предлог за притисок врз Софија и врз Скопје

БГНЕС контра Груби, тврди дека нема француски предлог за притисок врз Софија и врз Скопје

Бугарски медиум тврди дека Франција не дала предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија. 

Нема француски предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор, и ова за БГНЕС го изјавиле дипломатски извори од Европската комисија.

„Нема таков предлог во дипломатските анали“, соопшти Брисел.

Од бугарското МНР за БГНЕС велат дека не се информирани за ваквата француска иницијатива.

Македонскиот вицепремиер Артан Груби претходно  изјави дека имало иницијатива од Франција за решавање на спорот.

„Постои француска иницијатива да седне на маса, да се надминат сите разлики, така што во наредните месеци од 2022 година, напролет, ќе се одржи првата меѓувладина конференција“, рече Груби, пренесува БГНЕС.

Според него, има отпимизам по ова прашање. 

„Нема промена во ставот на Бугарија, нема ништо што јавноста не знае“, изјави привремениот премиер Стефан Јанев во одговор на прашање од пратеник од „Има таков народ“ во Народното собрание во врска со преговорите. 

Анкета на Галуп покажа какво е расположението во Бугарија за надминување на спорот.

И претходно се споменуваше дека е можно  Франција и Холандија да извршат пристисок за да Бугарија го тргне ветото. 

Слично

Поврзани вести