Економија, финансии, бизнис

Контакт

БГНЕС: Кирил Петков дочекан со извици „Татари, гробари“ во Битола

БГНЕС: Кирил Петков дочекан со извици „Татари, гробари“ во Битола

Репортер на бугарската новинска агенција БГНЕС пренесува дека со навредливи скандирања бил дочекан бугарскиот премиер Кирил Петков кога тој се симнал од хеликоптерот со кој пристигна во градот Битола.  

- Македонците скандираа „Татари гробари“ и „Валкани кучиња“, тврди агенцијата.

Како што беше претходно најавено, по пристигнувањето на бугарскиот премиер во Битола беа организирани протести на Сојузот на антифашисти и нивните следбеници и на крајнолевичарската екстремистичка парламентарна партија Левица. На протестот учествуваше и митрополитот на МПЦ Петар, јавува агенцијата.

На дел од плакатите пишуваше: „Македонското малцинство во ЕУ“; „ОМО Илинден Пирин - тест за демократијата во Бугарија“; „Регистрирајте го ОМО Илинден во Бугарија“; „Имате крвави раце“; „Гробиштата се полни со бугарско пријателство“; „Гоце = Македонија“ и други.


Слично

Поврзани вести