Економија, финансии, бизнис

Контакт

Безживотното тело извлечено од Преспанско езеро е на жена од битолско

Безживотното тело извлечено од Преспанско езеро е на жена од битолско

Безживотоното тело извлечено од рибари од водите на Преспанското езеро е на жена од битолскиот крај. МВР го идентификуваше лицето чиј труп беше пронајден вчера.

„Во СВР Битола вчера во 21:00 часот било пријавено дека во водите на Преспанското  езеро било пронајдено телото на Р.А.(39) од село Могила, битолско, по што од Противпожарната единица Ресен било извлечено од водата и по наредба на Јавен обвинител било пренесено во Клиничка болница-Битола за обдукција“, објави МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.




Слично

Поврзани вести