Колку ХИВ позитивни има во Македонија?
По повод одбележување на 1 декември – Светски ден на борба против ХИВ/СИДА, Д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје информираше дека во Македонија од 1987 до сега се регистрирани 400 случаи на ХИВ.
Од регистрираните случаи 339 (86%) се од машки пол а 54 (14%) се од женски пол. Во 2018 досега се регистрирани 41 нови случаи на ХИВ, од кои сите се од машки пол. Возраста на новите случаи се движи од 21 до 51 година, a 82% од случаите се на возраст од 20 до 39 години, од кои по 17 случаи на возраст од 20-29 и 30-39 години. На возраст од 40-49 години биле 6 случаи и еден во возрасната група од 50-59 години.
Според начинот на пренос, 78% од случаите се мажи кои имале секс со мажи, 7 лица пријавиле хетеросексуален начин на пренос, а за едно лице не се знае начинот на пренос.
