Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЗДУШНО ГО ВЛЕЧЕА КОЊОТ ВРЗАН ЗА АВТОМОБИЛ, НО ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛИШИ ОД СЛОБОДА: Приведени три лица од Скопје кои го мачеа животното

БЕЗДУШНО ГО ВЛЕЧЕА КОЊОТ ВРЗАН ЗА АВТОМОБИЛ, НО ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛИШИ ОД СЛОБОДА: Приведени три лица од Скопје кои го мачеа животното

Министерството за внатрешни работи вечерва информира се приведени тројцата скопјани кои со возило го влечеа изнемоштениот коњ по скопските улици

-Денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од ЕВР Гази Баба се лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје , при што измачувале коњ. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението на МВР.

Инаку на видеото кое го објавија колегите од Макфакс се гледа како изнемоштеното животно паѓа кога автомобилот за кој е врзан забрзува за да не направи метеж во сообраќајот. За момент коњот паѓа по што возилото застанува, а од него излегуваат тројца луѓе за да го кренат по што продолжуваат да го влечат.

Сцената предизвика бура од коментари на социјалните мрежи. Граѓаните гневни и револтирани на се почестите појави на убивање и мачење животни во Македонија.

ФОТО: YouTube Print Screen/Макфакс

Слично

Поврзани вести