Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Безбедноста на пациентите не е загрозена“: Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија тврди 'состојбата е под контрола'

„Безбедноста на пациентите не е загрозена“: Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија тврди 'состојбата е под контрола'

Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени.

- По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а апаратите беа проверени од овластени лица. При проверките не беше утврден никаков дефект. По завршените проверки, радиотерапевтските третмани продолжија кај сите пациенти. 

Безбедноста на пациентите и персоналот не беше доведена во прашање, а работата на Одделот се одвива согласно предвидените процедури. Во просторијата за пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод беше забележано протекување на вода, по што пациентите беа превентивно и безбедно преместени во друга соодветна просторија на Клиниката, соопшти Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Во соопштението се посочува дека в координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност беа извршени потребните проверки и мерења, кои потврдија дека нема радиоактивна контаминација.
 
- Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола, потенцираат од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

„Аларм на Онкологија, поплава со фекалии и страв од радијација“: СДСМ обвинува за тешка ситуација на клиниката и прашува кој ќе понесе одговорност

Слично

Поврзани вести