Безбедносни камери во селото Горна Белица снимија мечка
Безбедносни камери во селото Горна Белица на Јабланица снимија мечка.
Снимките, кои беа објавени на социјалните мрежи, покажуваат како дивото животно поминува низ дворови и непосредно покрај куќите на жителите.
Според информациите објавени од страницата Patuvanja, објави 4news.mk mk, честото појавување на вакви животни во овој реон не е случајно, имајќи ја предвид богатата дива природа со која изобилува планината Јабланица.
Претходните години, луѓето се жалеа дека во дебарско и во тетовско често гледаат мечки.
фото принтскрин
Слично
