Економија, финансии, бизнис

Контакт

Безбедно симнати патниците од жичарницата на Водно

Безбедно симнати патниците од жичарницата на Водно
Сите патници од жичарницата на Водно се безбедно симнати, потврди директорот на ЈСП Скопје Мишо Николов. Патниците останале заробени во кабините на жичарницата 15-тина минути, откако заради невремето снема струја и жичарницата престана да работи. Службите на ЈСП-Скопје веднаш започнале со постапката за префрлање на агрегат, по што набрзо целиот систем бил ставен во функција. „И порано имало вакви застои и секогаш се применува процедурата за префрлање на агрегат. Тоа вообичаено трае 15-тина минути“, рече Николов. Во моментот на прекинот кабините биле полни, затоа што голем број граѓани побрзале да се симнат од Водно заради лошото време. ЈСП Скопје организираше и автобуси за да ги превезе до градот граѓаните кои без автомобили се затекнаа на Водно за време на невремето.
Слично

Поврзани вести