Безбедњакот Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ е опфатен во истрагата за трагедијата во Кочани
Поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Александар Нацев и наедно гласноговорник на ВМРО=ДПМНЕ е последното лице за кое Обвинителството денеска соопшти дека е опфатено во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Нацев е сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кого е проширена истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во Кочани, неофицијално дознава „Фокус“.
Обвинителството денес потврди дека тој бил неформален, но реален сопственик на Агенцијата за обезбедување, која ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ кога починаа 62 млади лица и 200 беа повредени.
Слично
