Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЗБЕДЕН ГРАД ДЕНЕС ЌЕ СЕ ТЕСТИРА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: На секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути

БЕЗБЕДЕН ГРАД ДЕНЕС ЌЕ СЕ ТЕСТИРА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: На секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Охрид, поточно на автопатската делница Охрид-Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село, општина Дебрца, информираа од СВР Охрид.

Оттаму велат дека предвидените активностите ќе се реализираат со почеток во 12 часот при што, на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот на овој патен потег, да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници со цел, безбедно реализирање на планираните активности“, велат од полицијата.


Слично

Поврзани вести