БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ПАДОТ НА ЕДНОУМИЕТО И ПОЧЕТОКОТ НА БЕЗУМИЕТО: ИНТЕРВЈУ СО ВЛАДИМИР МИЛЧИН
--Го урнавме груевизмот во името на правдата, но правда не добивме. Поимот револуција кај нас беше злоупотребен. Резултатот беше само смената во фотелјите. А одговорот на прашањето го однесе ветерот, како во песната на Боб Дилан - вели во интервјуто за „Фактор“ режисерот Владимир Милчин.
Тој зборува и за тоа во кој тетарски жанр би ја сместил македонската голгота деновиве, но и се присетува на мудрите совети од татко му - прославениот актер и режисер Илија Милчин:
-Откако ја завршив првата година на белградската Академија за театар, филм, радио и ТВ, мојот професор Хуго Клајн ми го покажа писмото во кое татко ми го преколнувал да ме обори на приемниот испит. Со најдобри намери. Илија се плашеше дека ќе си ги натоварам на грб сите негови непријатели. Беше прав.Си создадов и нови непријатели, некогашни и актуелни политички и полициски функционери кои имаа свои извршители во медиумите.
Целото интервју ќе биде објавено утре на Фактор.
