Без струја и уличното осветлување кај клучката Аеродром Петровец: Еве каде ќе нема струја
Утре, вторник на 5 октомври во периодот од 07:30 до 15:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе останат жителите на селата Миладиновци, Дељадровци, Текија и трафостаницата „Петља Аеродром“ која е снабдувач на уличното осветлување за клучката на Аеродром Петровец информираа денеска од Електродистрибуција.
Прекинот е поради тоа што екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
Слично
