БЕЗ СРАМ СЕ СЛИКА СО ЕДНА КУТИЈА ВАКЦИНИ: Претседателката на ССКМ, Арсовска со остра критика кон Филипче
Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, денеска во објава на Фејсбук упати остри критики за пиарската политика на министерот за здравство Венко Филипче, за кој како што вели, без срам се слика со една кутија вакцини.
-Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има. Умираат луѓе на секој чекор, се борат за живот, бараат спас каде ќе стигнат, одат по други држави да се вакцинираат изложувајќи се на опасност од зараза, економијата поради неговата неспособност по цела година да воспостави контрола е на раб на пропаст, а тој се слика без срам со 1 кутија вакцини кои требаше да пристигнат минатата година. Уште сите амбасадори ги собрал, да се сликаат за големиов успех. Мрш.
