Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БЕЗ РАЗЛИКА НА ПАРТИЈА ИЛИ НАЦИЈА, СЕКОЈ МОРА ДА ОДГОВАРА“: ВМРО со контра реплика кон опозиционерите

„БЕЗ РАЗЛИКА НА ПАРТИЈА ИЛИ НАЦИЈА, СЕКОЈ МОРА ДА ОДГОВАРА“: ВМРО со контра реплика кон опозиционерите

Владејачката партија ВМРО - ДПМНЕ денеска со контра реплика на пресконференцијата на опозициската СДСМ. 

- Почитувана јавност, СДС по 4 дена молк се јави со прес-конференција за тема која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справи, а истата беше поздравена и од ЕУ.

Дека СДС воопшто не знае каде тера, доказ е оваа денешна прес-конференција на СДС. Во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема афери, нема скандали, нема местени тендери, затоа е и молкот од СДС.

Да се потсетиме на времето кога СДС владееше, јавноста и медиумите требаше да бидат гласни со денови и недели за да се реагира по одреден случај, па дури и тогаш обвинителството и судството не отвораа предмети и беа неми по тоа прашање. Дополнително, ако некој од осомничените беше од СДС или близок до врвот на СДС, со сигурност тој поединец не одговараше - нагласуваат од ВМРО.

Потоа додаваат дека за разлика од тогаш, денес кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, без помпезност, без прво јавноста и медиумите да дознаат, надлежните органи работат веднаш и се постапува по одредени сомнежи или докази за одреден криминал или корупција. 

- Без разлика на партија или нација, секој што се огрешил пред Законот мора да одговара. 

Разликата е евидентна. Затоа, по повод денешното појавување на СДС во јавноста, прашуваме дали Кузеска е сама во седиштето на СДС и излегува со вака неспремна изјава?

Повикуваме на реформи во СДС, на чело со Филипче - пишува во соопштението на партијата. 

Слично

Поврзани вести