Без „против“ и „воздржани“ Законот за јазици помина прво читање
Со 9 гласа ЗА, ниту еден против и ниту еден воздржан, комисијата за европски прашања го усвои заклучокот дека Законот за Јазиците прво читање е прифатлив!
Ова го соопшти претседателот на Комисијата, Артан Груби.
Груби го истакна значењето на донесувањето на Законот за употребата на јазиците, со што се заокружува нормативниот дел, кој што произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и од Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, при што им се заблагодари на пратениците од сите политички партии, кои учествуваа во расправата за нивната конструктивност и придонес во расправата.
Слично
