Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без проблем тече експропријацијата за новите автопати кон Штип и Охрид

Без проблем тече експропријацијата за новите автопати кон Штип и Охрид
Проблеми со експропријацијата нема, а во првиот квартал на 2014 треба да почне изградбата на автопатот Миладиновци – Штип и Кичево-Охрид, информираше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски. Во моментов, вели тој, се прават подготвителни активности и експропријација. Георгиевски соопшти дека од патарина годинава се собрани 1.315.000.000 денари, односно повеќе од претходните две години. Истовремено се водат разговори за осовременување на патарините со воведување нов систем и нов лик, за кои вели дека се во завршна фаза. „ Очекувам веќе до крајот на годината да биде доставена целокупната докуметација од сите што се јавија на тендерот, повеќето се меѓународни фирми и после тоа им ги доставуваме проекти за да во втората фаза дадат и цена за градба. Се надевам до крајот на февруари веќе да имаме склучено договор за да може да се почне со реализација. Првата точка за реалииација секако ќе биде наплатната станица Романовце каде годинава имавме тесни грла во одредени временски период особено околу август во тек на годишните одмори“, најави Георгиевски. Завршена е една третина од автопатската делница Демир Капија – Смоквица,  долга 28 километри и вредна 210 милиони евра, а сега се пробиваат два тунела, додаде директорот на јавното претпријатие за државни патишта
Слично

Поврзани вести