„БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА, САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!“: Апасев до министерот за внатрешни Тошковски
После вчерашната експликација за одговорноста на Градоначалникот на Кочани, денес продолжуваме со правни аргументи зошто и МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, на чело со министерот, сноси одговорност за ситуацијата со дискошталата...
Со овие зборови денеска го почна својот пост пратеникот и професор Димитар Апасиев, пренесувајќи дел од законите на социјалните мрежи и укажувајќи дека и министерот за внатрешни сноси одговорност.
- Согласно чл. 21, ст. 1, ал. 4 од Законот за угостителска дејност (Сл. весник на РМ бр. 62/2004), кој досега е менуван дури 15 пати, МВР дава СОГЛАСНОСТ за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир + за безбедност во сообраќајот [паркинг и сл.].
- проверка на работно време;
- проверка на пиротехнички средства;
- проверка на гласност и бучава;
- проверка на присуство на малолетници (и точење алкохол);
- проверка на наркотични супстанци и др.
