Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЗ НАВЛЕГУВАЊЕ ВО ДЕТАЛИ: Скопје протера руски дипломат

БЕЗ НАВЛЕГУВАЊЕ ВО ДЕТАЛИ: Скопје протера руски дипломат

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, потврди дека Скопје протерало уште еден руски дипломат.

На прес -конференцијата тој рече дека се точни информациите дека е протеран уште еден руски дипломат, уште еден оваа година, но посочи дека не може да навлегува во детали.

„Бидејќи овој тип на информации е обично доверлив, не можам да навлегувам во детали, меѓутоа, секогаш кога Министерството за надворешни работи добива потврдени и документирани информации за однесувањето на акредитираните странски дипломати што е спротивно на принципите на Виенската конвенција, презема мерки да ја заштити својата национална безбедност.и безбедноста на сојузниците.Значи тие информации се точни “, рече Османи.

Претходно, кон средината на мај, Скопје го протера рускиот дипломат, објаснувајќи дека е ангажиран во не-дипломатски работи, на што Москва одговори во јуни со протерување на аташето во амбасадата на  Македонија.

 Македонија го протера рускиот дипломат и во 2018 година, но тогаш во знак на солидарност со Велика Британија, НАТО и ЕУ поради случајот со труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипаj.


Слично

Поврзани вести