Без изјава заврши средбата на Ковачевски и партнерите пред можниот влез на Алијанса во коалиција
Доцна синоќа без детали заврши работната вечера на премиерот Димитар Ковачевски, со претседателите и други високи претставници на парламентарните партии со кои СДСМ заедно настапи на последните парламентарни избори и кои се дел од владината коалиција.

„Во пријатна атмосфера разговаравме за активностите во претстојната 2023 година, за мерките и политиките на Владата за справување со глобалната енергетска криза, економскиот развој и енергетската транзиција, за имплементација на владината програма, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднина за државата“ гласеше единствениот коментар кој го објави премиерот Ковачевски на социјалните мрежи.
Слично



