Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без дозволи ќе се врши превозот на стоки меѓу Македонија и Украина

Без дозволи ќе се врши превозот на стоки меѓу Македонија и Украина

Превозот на стоки меѓу Македонија и Украина ќе се врши без дозволи. 

На 72-та седница на Владата е усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на двете држави превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји.

Од Владата велат дека во време на воена состојба во Украина ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи. 

Слично

Поврзани вести