БЕЗ ДЕТАЛИ: Кумановскиот градоначалник на кафе со црногорскиот реформатор Абазовиќ (ФОТО)
На утринско кафе со мојот другар Дритан Абазовиќ, чесен човек, посветен политичар и реформатор во братска Црна Гора, напиша денеска на социјалните мрежи кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски објавувајќи заедничка фотографија со црногорскиот вицепремиер.

Абазовиќ е млад политичиар, етнички Албанец од Улцињ кој сега му е заменик на Здравко Кривокапиќ кој е премиер на Црна Гора.
Абазовиќ има 35 години. Член на 26-тиот состав на парламентот на Црна Гора. Тој беше жесток критичар на владеењето на Мило Ѓукановиќ, но подеднакво е критичен и за про-српската опозиција. Тој е етнички Албанец од Улцињ, каде што завршил основно и средно училиште.
Дипломирал на Факултетот за политички науки, Катедра за поликологија на Универзитетот во Сараево, стекнувајќи се со звањето дипломиран политиколог. Тој беше студент на генерацијата и добитник на „Златната значка“ и „Златната повелба“ на Универзитетот во Сараево. Магистрирал во 2008 година на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Црна Гора, насока меѓународни односи. Докторирал во 2019 година на Факултетот за политички науки, Универзитет во Сараево.
Абазовиќ во неколку наврати истакна дека е можен соживот на различни национални и верски ентитети во Црна Гора и дека проблемот на Црна Гора не е од национален, туку од економски карактер.
