Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕВМЕ ДВА РАЗЛИЧНИ СВЕТА, НО НЕ СПОИ СУДБИНАТА - Душан раскажува за бракот со Ники од Кина

БЕВМЕ ДВА РАЗЛИЧНИ СВЕТА, НО НЕ СПОИ СУДБИНАТА - Душан раскажува за бракот со Ники од Кина

Во некој дел од светот, во некое место, во некоја минута од денот, постои некој со кој ќе ве спои судбината. Тогаш не е повеќе важно дали сте од ист град, земја или континент. Дали бојата на вашата кожа е една, а неговата друга. Дали вашата традиција се коси со неговата. Едноставно се случува љубов, која ги руши сите граници и бариери.

Овие зборoви ги потврдува и љубовната приказна на Душан Димушевски од Скопје и Ники од Гуангџоу, Кина.

„Веројатно дека сум бил на вистинско место, во вистинско време. Со сопругата се запознавме во Гуанџоу, Кина. Не размислувајќи дека таа ќе ми биде „судена“, за да и бидам поинтересен, кога ѝ се удварав, почнав да и зборувам на кинески. Ме гледаше чудно, како да не ме разбира, веројатно кинескиот ми бил „одличен“, вели Душан на почетокот на разговорот.

ЖМ: Почувствувавте ли пеперутки во стомакот, посебна хемија, уште на почетокот од врската? По што е посебна, со што ве освои? 

„На 30 години пеперутките одамна одлетале. Се шегувам. Хемија секако дека имаше. Најбитно беше дека наидов на некој што беше многу сличен на мене, човек што не живее од денес за утре, туку си има поставено цели во животот. Малку беше тешко да ја навикнам на моите цели. Но, некако најдовме компромис и се впуштивме во авантура. Многу бргу станавме родители, потоа бизнис партнери. Мислам дека таа динамика до денес нé држи заедно“, вели Душан.

Целото интервју на Женски магазин

Слично

Поврзани вести