БЕВ ЗАЉУБЕН ВО ПРЕУБАВАТА ЈЕЛЕНА ОД ГОРЊИ МИЛАНОВАЦ КОГА ПРОДАВАВ ЛУБЕНИЦИ ВО СРБИЈА: Премиерот Заев отворено за српски Курир
Шефот на владата
на Северна Македонија има биографија за која повеќето политичари - не само од
Балканот - можат само да сонуваат, пишува денеска српски Курир. Во интервјуто,
отворено говори како од продавач на лубеници стигнува до најважната позиција во
земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил својот
прв милион и зошто понекогаш сака со мотор да побегне со мотор.
-Моето име е поврзано со Србија, мојата младост е поврзана со Србија, сè што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Убавата Јелена. Ја запознав едно лето додека продавав лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место. Првиот екстра профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продадов суви пиперки во Србија, нагласува премиерот Заев во интервјуто за Курир.рс
Прва љубов
Пазарот беше отворен до четири или пет. И веќе од пет-шест, ние младите одевме во кафуле, меана. Таму ја запознав Јелена, мојата прва љубов. Ние сме врсници. Тоа траеше најмалку две и пол години. Секое лето бев во Горњи Милановац. Таа имаше фиксен телефон, но јас немав. За среќа, тогаш имаше телефонски говорници. Еднаш дојде и во Струмица. И моите и нејзините родители го сфатија тоа како детска љубов, повеќе како да сме некои пријатели. И тогаш далечината си го направи своето. Во 1993 година се запишав на Факултетот во Скопје и се посветив на студентските обврски. Знам дека таа сега живее и работи во Белград, дека има своето семејство, децата. Тоа го слушнав случајно пред пет-шест години. Но, тоа беше прва љубов, не се заборава, вели премиерот.
