Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БЕВ ЕДИНСТВЕНИОТ КОЈ ПОБАРА ДА НЕ СЕ ИЗДАДЕ ЛИЦЕНЦА ЗА „ПУЛС“: Димитровски вели дека праќал дописи, не добивал одговори од Економија

„БЕВ ЕДИНСТВЕНИОТ КОЈ ПОБАРА ДА НЕ СЕ ИЗДАДЕ ЛИЦЕНЦА ЗА „ПУЛС“: Димитровски вели дека праќал дописи, не добивал одговори од Економија

Свесен сум дека моите сограѓани во мене гледаат политичар, но никако не е во ред и е неоправдано да ме гледаат со презир за трагедијата од невидени размери. Оваа конструкција од обвинение е на моја штета, на штета на моето семејство, но и на штета на оние кои засекогаш ќе тагуваат за своите најмили, вели ексградоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, кој е еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“. 

Вели дека тој пред десет години бил против дискотеката.

„Кога веќе државата решила да ме направи заменски обвинет, чувствувам должност да ме сослушаат. И во приватниот бизнис и во вршењето на градоначалничката функција, секогаш сум се раководел од принципот ред и дисциплина. Ред кој го пропишува законот и дисциплина, независност кому ќе му се допадне, а кому не. И тоа го сторив кога во Кочани рекоа дека ќе се отвори дискотека. Разбрав дека во Општината било поднесено барање од приватна фирма за добивање паркинг на две парцели. Разбрав дека Општината, бидејќи е ситно тоа барање, не знаејќи за каков субјект се работи, одговорила дека на тие парцели можат да се паркираат сите, па и тие. Кога го разбрав тоа и кога погледнав дописот, се обратив до Министерството за економија и тоа до државниот секретар и напишав дека некоја компанија има поднесено барање за паркинг. Со оглед на тоа што Општината нема информација дали компанијата ги има исполнето сите услови, побарав информации од Министерството дали има или ќе биде издадена лиценца за тој објект. Единствен во Македонија сум укажал директно. И тогаш како и во други случаи, сигурно било кажано дека се мешам каде што не ми е местото. Никогаш не добив одговор“, вели Димитровски. 

Тој посочи дека Општина Кочани доставила одговор до сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов дека не може да се паркираат возила таму и дека тој е предвиден за возила за намена лесна индустрија и не може да се издава одобрение или согласност за диско клуб или ноќен клуб. 

„Веднаш наредниот ден, Општина Кочани испраќа „барање за неиздавање лиценца“, каде е напишано дека нема простор за паркинг и стои барањето за неиздавање лиценца за тој клуб. Повторно молк. Причина, немешање во извршната власт. Во постапката е вклучено МВР, ДПИ, па Министерството за економија. При вршењето функција пратеник, потоа градоначалник, се учи што е државна работа, што е надлежност на локалната самоуправа. Во оваа ситуација, не наоѓам маана што не разбира, ниту пак на тој што е во болка. Постои маана и вина во тој што треба да го знае и спроведува законот. А не го прави тоа“, рече Димитровски

Слично

Поврзани вести