Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Бев 10 дена во кома и еден месец се борев за здив, за сила, за живот“ – Иван Стојменов, повреден во пожарот во „Пулс“ го раскажа своето искуство

„Бев 10 дена во кома и еден месец се борев за здив, за сила, за живот“ – Иван Стојменов, повреден во пожарот во „Пулс“ го раскажа своето искуство

Кобната ноќ на 16 март 2025 г. го претвори животот на секој Македонец во црнило. Оваа ноќ која требала да биде извор на забава, музика, смеа и моменти за паметење, се претвори во мрак, црнила и огнени јазици кои однесоа цели генерации полни со надеж и соништа.

Смртоносниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ однесе 63 млади животи, и остави 63 семејства без да го дочекаат своето чедо да си дојде дома. Над 200 луѓе беа повредени од овој пожар и голем дел од нив завршија на лекување во странство.

Еден од повредените бил и Иван Стојменов, кочанчанец кој присуствувал на забавата таа ноќ. Тој се здобил со тешки повреди и бил хоспитализиран во Словенија, каде 10 дена бил во кома и потоа следувала едномесечна борба за оздравување.

Тој на својот Фејсбук профил го споделил своето трагично искуство кое го проживеал таа вечер. Изјавата ви ја пренесуваме во целост:

„Помина една година од ноќта што засекогаш ми го промени животот.

Ноќта кога во дискотеката „Пулс" избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Нокта кога животот и смртта беа толку блиску.

Со изгореници по рацете, лицето и дишните патишта, завршив во болница во Словенија. 10 дена кома и скоро 1 месец борба... борба за здив, за сила, за живот. Докторите велеа дека е критично.

Но Господ имаше други планови.

Денес сум тука. Со лузни што засекогаш ке ме потсетуваат на таа нок. Лузни што не се само на кожата, туку и во душата.

Таа ноќ никогаш нема да се заборави. Никогаш нема да ги заборавиме луѓето што не успеаа да излезат. Нивните животи и нивните приказни засекогаш ќе останат во нашите срца.

Оваа година ме научи нешто што многумина го забораваат - животот е кревок. Секој ден е подарок. Секој здив е благослов.

Денес сум благодарен на бога што сум жив. Благодарен на докторите, на моето семејство и на сите луѓе што беа покрај мене кога беше најтешко.

Животот ми даде втора шанса.

И ветувам дека ќе ja живеам така како што заслужува.

Никогаш да не се повтори!!!!! Вечна им слава на починатите “

Извор: Женски Магазин

Слично

Поврзани вести