Бетмен со шише вода донесен во судот
Богдан Илиевски, познат под интернет прекарот Бетмен Велит, со шише вода беше спроведен на распит во Кривичниот суд Скопје 1. Илиевски заедно со уште 35 лица е осомничен од страна на Јавното обвинителство на Република Македонија за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Тој за време на крвавите настани истакнуваше дека не сакал да дојде до инциденти и внатре во Собранието влегол за да помогне во гужвата при што апелирал до луѓето пред влезот да се донесе вода на тие што им е потребно.
Богдан Илиевски беше еден од главните предводници на протестите на организацијата „За заедничка Македонија“, а дел од демонстрантите влегоа во Собранието на 27 април.
По десетина лица и натаму полицијата трага, а меѓу денес приведените се Чавков, неколку пратеници, организатори на протестите и учесници во инцидентите. Фото: sdk.mk
