Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатно или не, што се случува со паркинзите во Центар?

Бесплатно или не, што се случува со паркинзите во Центар?
Денеска директорка на Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар, Маргарита Бакев со прес-конференција информираше дека од први месецов се доделени повеќе од 120 семејни пакети за бесплатно паркирање на семејствата кои живеат во оваа општината и кои имаат едно до три возила. Поделени биле и 400 карти за гостите на тие семејства. Со цел да потврдат дека е навистина бесплатно, од јавното претпријатие договорија неколку станари кои ќе даваат изјави за медиумите. „ЈП Паркинзи на општина Центар вчера стапи во контакт со корисници кои веќе ги користеле услугите и денес дел од нив повикавме тука се со цел да ја информираат јавноста дека веќе се користат услугите. Не се работи за првоаприлска шега, туку реално функционира и на граѓаните им се допаѓаат поволностите“, изјави директорката.
Слично

Поврзани вести