Бесплатно делење на конфискувана роба во Идризово
На барање на Владата, Агенцијата за управување со одземен имот денеска бесплатно ќе ја раздава конфискуваната роба од изминатиот период во своето складиште во Идризово.
Станува збор за отстапување на над 100.000 парчиња текстил, обувки, канцелариски материјал, апарати за домаќинство…
Тие ќе им бидат достапни на Министерството за труд и социјална политика, општини, за потребите на училиштата, Црвен крст, Комисија за односи со верските заедници за потребите на манастирите, религиозните групи и ИВЗ, како и 20-тина други институции.
Слично
