Бесплатните вакцини за сезонски грип „отидоа како алва“: Секако сезонава заболени се многу малку
Значително помалку заболени од сезонски грип овој период, споредно со истиот лани. Според извештајот на Институтот за јавно здравје во сезоната 2020/2021 вкупниот број заболени од грип изнесува 379, што е за 54,2 отсто помалку споредено со истиот период минатата сезона кога имаше 828 заболени и 70,1 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива.
Од заболените минатата недела најмногу се деца на возраст до четири години.
Инаку оваа сезона заклучно со 3 јануари вакцинирани се вкупно 37.221 лица со бесплатна вакцина, од 40.000 кои ги обезбеди Министерството за здравство. Бесплатни се вакцините за ризичните категории население, додека за другите вакцините се плаќаа
Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од извештаите на центрите за јавно здравје, вакцинирани се 8.993 лица, од кои 139 во периодот од 28 декември до 3 јануари.
Заклучно со 3 јануари во државава вакцина против грип примиле 46.124 лица.
