Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСПЛАТНИОТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЌЕ ДОЈДЕ ПО ДВЕ ГОДИНИ - Арсовска вели дека БРТ е штетен проект

БЕСПЛАТНИОТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЌЕ ДОЈДЕ ПО ДВЕ ГОДИНИ - Арсовска вели дека БРТ е штетен проект

Целосно бесплатен јавен превоз за граѓаните ќе има за две години, ветува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, а тоа вчера го кажала и на брифингот со новинарите кои ги повикала.

Проблематичниот проект за воведување на БРТ превоз, акцијата за чистење на дивите депонии, катастрофалната финансиска состојба во која е оставен градот од претходната градска власт, како и лошата финансиска состојба на јавните претпријатија на градот биле дел од темите за се разговарало на брифингот., пишува Арсовска 

„Покрај сите проблеми кои веќе се познати за самиот БРТ систем, кај него посебно проблематично е што е донесен без да биде изгласан од Советот на Град Скопје.

Морам да кажам дека она што го видовме тука, од аспект на решението кое што беше презентирано во јавноста како нешто револуционерно, не само што не е револуционерно, туку е и на штета на граѓаните на градот Скопје. Пред се затоа што за тој БРТ превоз, нема одлука од Советот на Град Скопје.

Во овој момент се спроведува реорганизација на ЈСП и се работи на проектот за бесплатен јавен превоз за граѓаните кој во целост ќе се реализира за две години“, пишува Арсовска на фејсбук.

Екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се уште не се огласува на фејсбук за обвинувањата од новите градски власти предводени од Арсовска.

Слично

Поврзани вести