Бесплатна психолошка помош ќе има за блиските на настраданите
Бесплатна психолошка помош ќе има за блиските на настраданите во тешката сообраќајна несреќа кај Карпалак.
Психолозите-лиценцираните членови на Комората на психолози ќе отворат психолошки советувалишта во два града, Гостивар и Скопје. Оваа информација тие ја споделија на социјалните мрежи.
Комората во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари обезбедија психолошка помош за настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето.
Слично
