Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСПЛАТЕН РОАМИНГ ОД 1. ЈУЛИ: Граѓаните на Западен Балкан ќе може слободно да рзговараат

БЕСПЛАТЕН РОАМИНГ ОД 1. ЈУЛИ: Граѓаните на Западен Балкан ќе може слободно да рзговараат

Роаминг услугата нема да се наплатува од 1.јули во земјите на Западен Балкан, изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, нагласувајќи дека тоа ќе значи повеќе пари во буџетот за граѓаните на овие земји, но и за деловните субјекти. Со оглед на тоа што пандемијата влијаеше на економскиот развој на земјите, Советот за регионална соработка проценува дека подобрата соработка меѓу нив може да заштеди значително.

-Граѓаните ќе имаат малку повеќе пари во џебот, оние што би ги потрошиле доколку би плаќале сметки во регионот поради тарифите за роаминг. Второ, мислам дека е важно да се нагласи дека не само што бројот на луѓе кои користат интернет се зголеми, туку ние за време на пандемија сфативме дека времето што го поминуваат луѓето на интернет е зголемено, што исто така дава одредена тежина“, изјави Брегу за Радио Слободна Европа.

Забележано е дека младите во регионот сметаат дека олеснувањето на роамингот е корисно како и слободата на движење, поради што, како што рече, тоа ќе биде одлична порака и за нив.

ФОТО: Freepik

Слично

Поврзани вести