„БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО СКИ ЦЕНТАРОТ КАЈ НИЖЕПОЛЕ И ХОТЕЛ МОЛИКА“: општина Битола со примамлива понуда
Сите жители на Битола, околината на Битола, но и цела Македонија, имаат можности да уживаат во зимските спортови во текот на празничните денови, а придонес во ова има општина Битола, која најави бесплатен превоз до скци центрите на Баба Планина.
- Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината.
Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај
Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во
8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии е во 13:00 часот - ова е посочено во објавата на општина Битола.
