Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесни заминуваат, со факултет возат такси во Минхен

Бесни заминуваат, со факултет возат такси во Минхен

Хрватите многу често се принудени среќата да си ја бараат во Германија. 

Младите не чувствуваат носталгија за дома и не им е проблем да живеат во „две држави“. 

Тадо Јуриќ од одделението за историја во хрватскиот Католички универзитет во Загреб направил истражување со 1200 Хрвати, а идната година на оваа тема ќе објави и книга. 

Истражувањето покажува дека има и луѓе од Хрватска со високо образование кои работат како таксисти во Германија. 

„Ако некој кој е високообразован работи како таксист во Минхен и ја напушти татковината, тоа не е добиток за земјата на вселување, но е голем губиток за земјата на иселување. Меѓу другото иселениците прифаќаат таква работа затоа што во Германија никој не ги познава и не се чувствуваат понижено“ - вели Јуриќ. 

Исто така и голем број Хрвати од БиХ заминуваат во странство. Околу 30.000 Хрвати годишно заминуваат во Германија, а според германски податоци се работи за 50.000 хрватски граѓани кои годишно се доселуваат. 

Околу 15% размислуваат краткорочно или долгорочно да се вратат назад. 

Слично

Поврзани вести