Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСНИ ВОЗАЧИ: 73 санкции за пребрзо возење вчера во Скопје

БЕСНИ ВОЗАЧИ: 73 санкции за пребрзо возење вчера во Скопје

Во текот на изминатиoт ден (10.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со телесни повреди и една со материјална штета. 

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а осум лица се здобиле со лесни телесни повреди. 73 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. 

Исто така, исклучени се и 38 возачи, бидејќи 23 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и 13 го управувале возилото под дејство на алкохол. 24 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 18 биле нерегистрирани, четири технички неисправни и две со претовар. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, четворица не дале првенство на минувивање на пешаци, двајца неправилно се престроиле, тројца неправилно престигнувале и 26 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и четворица затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 139 мандатни платни налози,  додека 75 возила се подигнати со "Пајак". 

Слично

Поврзани вести