Бесни реакции по одлуката за преименување на арената „Филип Втори“: Градски си е градски
„И вие ли ќе се гребете од ликот и делото на Тоше? , Мега глупост. Си има име #Градски. Само што кумовите ни пред ни по концертот на Тоше не биле на #Градски, не знаат како се вика и какви легенди играле на него. #Градски е и ќе биде. Од #Градски нема бегање“, се дел од коментарите на социјалните мрежи како реакција на одлуката на Владата градскиот стадион да се преименува и да го носи името Тоше Проески.
Лавина од реакции под објавата владинито портпарол Миле Бошњаковски на Твитер се редат од секунда во секунда а повеќе од нив се со негативна конотација.
Во прилог ви пренесуваме неколку реакции:
Мега глупост. Си има име #Градски. Само што кумовите ни пред ни по концертот на Тоше не биле на #Градски, не знаат како се вика и какви легенди играле на него.#Градски е и ќе биде.
— Протестантски Оџа (@galevski) April 9, 2019
Од #Градски нема бегање.
И вие ли ге се гребете од ликот и делото на Тоше???
— Грегорич Пек (@marsedonec) April 9, 2019
глупост популистичка за проста раја фиромска. и дарко панчев да го крстевте за нас секоаш ќе биде Г Р А Д С К И
— Dyan Holwar (@ejdison) April 9, 2019
Ако не, па и тојфори кога некогаш ќе се наместат во Градски (Тоше) Парк, и ним именувајте ги по Тоше.
— ЏиЏе. (@Dz1Dze) April 9, 2019
Замисли, во Шпанија да има национална арена (арена бе.. ?!) Хулио Иглезијас.
За разлика од претходните, погледнете ги (не од противниците) реакциите и признајте очајна одлука, поништете ја веднаш и размислете посоодветно.#Градски
— Dr. Phallus (@lesenpeperut) April 9, 2019
Може требаше Лепа брена поради бројната посета.... За греота.
— EleniMiltcis (@simstobetaken) April 9, 2019
можете и Собранието да го именувате Александар Василевски - Нинџа ...
— Darko Kezhman (@kezhmanprvi) April 9, 2019
За Универзална - ајде, ама за стадион - непромислено.
— Dr. Phallus (@lesenpeperut) April 9, 2019
Градски си беше тамам.
Борис Трајковски, Јане Сандански,сега Тоше Проески,се тоа светски спортисти! Дај бре,прашајте не со анкета што мислиме ние! #Градски ќе си остане Градски,без разлика колку и да го менувате името!....Инаку,слава им на хероите!
— deni_sum_jas (@DeniLazeski) April 9, 2019
глупост невидена ... да се ставеше името на Тоше Проевски на Универзална сала имаше логика , вака личи на популизам од најдолниот вид како што правеше вмро ... кој ли ве советува тамѕ са ми е да знам , мора да е некој од небањатите ..
— Darko Kezhman (@kezhmanprvi) April 9, 2019
Ништо ново, глупости колку сакаш и од овие и од претходните...
— Македонија_Macedonia (@Goran_EU) April 9, 2019
