Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСНЕЕ ОГНЕНА СТИХИЈА: Пожари на неколку места во државата

БЕСНЕЕ ОГНЕНА СТИХИЈА: Пожари на неколку места во државата

Додека пожарите кај Плетвар кои цели сум часа блокираа колони возила се под контрола, гори од другата страна на државата.

Поголема површина на сува и ниско стеблеста шума е зафатена од огнена стихија во околината на Пробиштип.

Според информациите на градоначалникот на Пробиштип пожарот се ближи кон околните села а помош е побарана од  Дирекцијата за заштита и спасување покрај тоа што над дваесеттина пожарникари се на терен.

Голем шумски пожар избувнал денеска и над кичевското село Колибари.

Таму месната заедница заедно со Противпожарната единица од Кичево се обидуваат бесниот пожар кој зафатил и дел од атарот на селото да го стават под  контрола.

Слично

Поврзани вести