БЕСНЕАТ ПОЖАРИ: Гори на Шар Планина и во Националниот парк Маврово
Во Националниот парк Маврово на неколку локации денеска се подметнати пожари.
Четврти ден четири пожари горат на Шар Планина.
Има пожари на Шар Планина во шумите над селата Боговиње и Брезно кај месноста Вртиште.
Во гаснењето на пожарите учествуваат и вработените во шумско стопанство „Лешница“ од Тетово.
Завчера во 13.15 часот кај место викано „Голгота“, атар на селото Лисец, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ф.Н.(44) од Тетово.
Околу 12 часот, на наведеното место, запалил оган за скара, кој се проширил, зафаќајќи површина на сува трева.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера пожар имаше во Крушево, во близина на манастирот Свето Преображение, но тој беше спасен, а огнот изгаснат. Пожарот го гаснеа пожарникари, доброволци, војници од армијата.
