Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесими: Добро е што има многу амандмани на предложениот буџет

Бесими: Добро е што има многу амандмани на предложениот буџет

Во Собранието денеска продолжува амандманската расправа за Буџетот за 2021 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека добиле многу предлози и идеи и од пратениците од опозицијата, но и од владеачкото мнозинство. На предлог - текстот се поднесени вкупно 528 амандмани, најголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ - 390 и останатите од Алијанса на Албанците и Алтернатива. 
„Сметам дека тоа е добро, бидејќи преку демократска дебата, преку борба на идеи произлегуваат најдобрите решенија за сите нас како граѓани. Ние и очекувавме голем интерес за буџетот за 2021 година, бидејќи за првпат нудиме еден поразличен концепт, подолгорочен и стратегиски и покрај тоа што се соочуваме со криза којa нoси голема неизвесност. Мора да размислуваме СМАРТ - за да делуваме СМАРТ, вели Бесими.
Додава дека буџетот за 2021 година е посатвен на три многу силни платформи - стратегијата за економско заздравување и забрзан раст, политиките за консолидација на буџетскиот дефицит и планот за јавни инвестиции 2021-2025

Стратегијата за попаметен раст се базира на четири столба - заздравување од Ковид-19, одржлив и инклузивен економски раст како и чиста животна средина, зголемување на конкурентноста и дигитализација како и вложување во човечки капитал и еднаква застапеност.


Слично

Поврзани вести