Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕШЛИОВСКА: Ние сестрите дали да се грижиме за пациентите или за средношколците кои треба да помагаат

БЕШЛИОВСКА: Ние сестрите дали да се грижиме за пациентите или за средношколците кои треба да помагаат

Претседателката на Унијата на ЗМТАС, Гордана Бешлиовска, во изјава за Фактор вели дека тие како професионалци, во чие здружение има 5.000 членови, медицински сестри, техничари, акушерки, се против идејата на министерот за здравство Венко Филипче, за можно ангажирање на учениците од 4та година од средномедицинските училишта во ковид центрите како помош на медицинскиот кадар.

-Сакаме да реагираме веднаш. Уште вчера кога ја слушнавме изјавата на министерот, ние веднаш се состанавме и сметаме дека мора да реагираме, за да ова не се претвори во одлука. Мислиме дека и самите родители не би се согласиле да ги изложуваат нивните деца на еден огромен ризик, но пред се сметаме дека наша обврска е да реагираме пред сите. Во време кога пандемијата зема замав, се е онлајн, дури и праксата кога ја имаат овие средношколци е под надзор на професионално лице, па дури и во нормални услови не ги изложуваме на ризици. Освен тоа, ако се водиме по примерите во регионот и во Европа, никаде нема ваква мерка. Би можела да речам дека не само што нема да ни бидат од помош, напротив, ќе се соочиме со еден огромен пробле, дали да се грижиме за здравјето на пациентите или да внимаваме некој од учениците да не се зарази, вели Бешлиовска.

Освен тоа, таа потенцира дека дури и сега во сите ковид центри има огромен број на медицински сестри кои се хоспитализирани со тешка клиничка слика и нагласува дека кадарот е навистина дефицитарен.

-Во ова време на светска пандемија, треба да има отворени огласи за вработување, а не како што е ситуацијата кај нас, со договори на дело. Има институции каде што медицинските сестри работат за 12.000 без решен статус. Што правиме кога ќе се разболат. Ова е горливо прашање што треба да се реши, а не да се ангажираат незавршени ученици. Зошто со последната мерка од владата, наменета за ранливите категории не влезат и медицинските сестри кои се со договори на дело, прашува Бешлиовска.

Унијата е со став дека ваквата идеја не е безбедна за учениците и во нивното денешно соопштение потенцираат 

-Ние, професионалците од сестринската професија сметаме дека ризикот е многу голем. Во една за нас исклучително тешка ситуација со две медицински сестри на 30 пациенти, ангажман на учениците како помош дополнително би ги отежнало работите, пред се ризикот и нивната безбедност, и нашата одговорност за нив кои треба да учат – практицираат, а ние треба да ги менторираме. Учениците ако се заразат можеби ќе поминат асиптоматски, но што е со нивните најблиски? Ако е ова решение недовршени кадри да не надополнуваат ги имаме четирите високо образовни институции за идните дипломирани медицински сестри кои барем се полнолетни, соопштија од извршниот одбор на Унијата.

Анита Буховски

Слично

Поврзани вести