Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ Е АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ, ЧОВЕКОТ КОЈ НА ИЗБОРИ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО АЕРОДРОМ? Тој е ортопед трауматолог

КОЈ Е АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ, ЧОВЕКОТ КОЈ НА ИЗБОРИ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО АЕРОДРОМ? Тој е ортопед трауматолог

Синоќа, СДСМ објави дел од имињата кои ќе се борат за градоначалничките места на претстојните локални избори коои треба да се случан наесен.

Кандидатот на опзицијата за Аеродром е д-р Александар Трајановски.

Градската организација на СДСМ-Скопје, му ја честиташе кандидатурата.

„На Аеродром му треба пред се човек да ја води општината. Човек што помага секојдневно човек за сите. Честитки докторе“, напишаа од СДСМ.

Д-р Трајановски е специјализиран ортопед и трауматолог, дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година. Во 2012 година ја завршил специјализацијата по ортопедија, а во 2019 година и субспецијализацијата по трауматологија. Тој е поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Д-р Трајановски е активен и во политичката сцена како член на Извршниот одбор на СДСМ. Во минатото, бил носител на советничката листа на СДСМ во општина Аеродром, каде се залагал за поголема транспарентност и директен контакт со граѓаните. Тој исто така се залагал за пренос на седниците на Советот во живо, со цел граѓаните да имаат подобар увид во работата на локалната власт.




Слично

Поврзани вести