БЕШЕ ТОЛКУ МАЛА ГРУПА ШТО НЕ НИ ЗАБЕЛЕЖАВ: Мицкоски го осуди скандирање на мечот Македонија-Романија
Премиерот Христијан Мицкоски го осуди скандирањето од трибините на мечот Македонија-Романија, но вели дека се работело за толку мала група на навивачи, што не го ни слушнал тоа.
„Додека бев таму воопшто не го ни забележав тоа, стануваше збор за неколку луѓе. Сакам да се приклучам кон осудувањето на ксенофобијата и национализмот. Сето тоа ќе биде предмет на санкции и истрага“, рече Мицкоски.
Претходно, осуди дојдоа од повеќемина, меѓу кои и Кошаркарската федерација и Општина Куманово, како и вицепремиерот Арбен Фетаи и кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи.
Слично
