Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Беше спремна, информирана, поставуваше провокативни прашања': голем број сограѓани со емотивни пораки за Базерко

„Беше спремна, информирана, поставуваше провокативни прашања': голем број сограѓани со емотивни пораки за Базерко

Драга моја Валентина Базерко, другарке моја. Знам дека ова не е крај, не е збогум…

Нашите непресушни разговори ќе продолжат во некоја друга димензија. Те сакам, почивај во мир... 

Ова го напиша денеска Маја Вукичевиќ по објавата дека почина новинарката Валентина Базерко на само 62-годишна возраст.

Валентина, новинарската кариера ја започна во весникот „Млад борец“, а потоа се истакна како глас на Македонското радио, каде со децении работеше со страст и интегритет.

Таа беше дописник од странство, сведок на настани и глас што секогаш се бореше за правдата и достоинството на професијата.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразувајќи сочувство по повод смртта на Базерко, посочува дека таа го живееше новинарството како лична мисија – со јасен, модерен и искрен радио израз, со неуморна грижа за македонскиот јазик и култура. 

Од Базерко се простуваат голем број сограѓани кои истакнуваат дека Базерко пленеше со убавина и со знаење и добрина. 

И Солза Грчева со емотивна порака се прости од Базерко. 

. 



Слично

Поврзани вести