Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕШЕ ДЕЛ ОД СЈО: Трајче Пеливанов стана виш скопски обвинител

БЕШЕ ДЕЛ ОД СЈО: Трајче Пеливанов стана виш скопски обвинител

Трајче Пеливанов е избран за виш скопски обвинител. 

Tој беше дел и од Специјалното јавно обвинителство, денеска од Советот на јавните обвинители е избран за виш скопски обвинител. Во скопското вишо обвинителство избрана е и обвинителката Наташа Сарамандова. За овие две места се пријавиле 16 кандидати. На денешната седница се донесени и одлуки да се распишат огласи за избор на обвинители во Државното и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на РСМ ја именуваше Ленче Ристоска  за јавен обвинител за врски со Европравда. Taa исто така беше дел од СЈО. 

Слично

Поврзани вести