Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА за свој лидер повторно го доби Биљал Касами

БЕСА за свој лидер повторно го доби Биљал Касами

Со поддршка од 60 делегати за кандидатура и 455 за претседател, Биљал Касами ја доби довербата за уште еден мандат. Тој е повторно избран за претседател на Движењето Беса, односно на негово крило.

Касами по изборот ги коментираше последните превирања во Беса, нарекувајќи ги игри и тенденции за раскол во партијата. Според него, крилото кое веќе и јавно е против него, има за цел да ја разори Беса, а не да ги победи политичките противници. Прашањето на двата дела на партијата, Касами им го доверува на институциите.

„Тука сме за да го артикулираме политичкиот глас. За правни прашања се занимаваат надлежните органи. И за ова прашање ќе се занимаваат правните институции. Не сакаме правните прашања да ги користиме за политички цели. Движењето Беса е едно. Има еден конгрес и денеска го избра првиот човек и партиските органи. Другиот дел е прашање на органите на редот“, рече Касами.

На прашањето дали е подготвен да му се приклучи на парламентарното мнозинство, Касами истакна дека нивната позиција зависи од ставот на Владата.

„Моментално сме дел од опозицијата и ќе продолжиме да го артикулираме гласот на опозицијата. Ако имаме понуда да бидеме дел од владата, секако дека ќе дискутираме“, одговара Касами.

Слично

Поврзани вести